Зеленски: Африка е заложник во војната на Русија против Украина

Сподели со своите пријатели

Во изјавата за лидерите на Африканската унија, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Африка е заложник во војната со Русија, што придонесе за зголемување на цените на храната на континентот.

Loading...

Африканските земји се погодени од растечката криза, поради која поскапеа житариците, нафтата, горивото и вештачките ѓубрива, објави Ројтерс.

Зеленски рече дека африканскиот континент е во ситуација за која тој не е виновен.

– Ви се обраќам во вонредна состојба, кога имаме војна. Во вонредна состојба за целиот свет, кога Африка всушност беше земена како заложник. Заложникот на оние кои ја започнаа војната против нашата земја – рече Зеленски во понеделникот во видео-обраќање пред Бирото на Собранието на Африканската унија.

– Оваа војна можеби ви изгледа многу далечна за вас и за вашите земји. Но, катастрофално зголемените цени на храната веќе го донесоа дома во милиони африкански семејства – истакна тој.

Москва ги отфрла обвинувањата дека намерно го блокира извозот на жито од Украина и посочува дека глобалните поскапувања на храната и горивата се последица на санкциите на Западот воведени кон Русија поради воената интервенција во Украина.