Зеленска во Британија: Сексуалното насилство е најсуров начин да се покаже надмоќ

Сподели со своите пријатели

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, се сретна со многу високи функционери во Лондон, при што имаше говор во британскиот парламент.

Loading...

Сопругата на Володимир Зеленски ја искористи можноста да ја спореди ситуацијата во Украина со страдањата на Велика Британија од Втората светска војна.

„Британија ги преживеа воздушните напади, вистините што ги живееме денес. Русите сакаат да не клекнат на колена, ги слушаме сирените секој ден. Вие не се предадовте тогаш, ниту ние нема да се предадеме сега. Никогаш нема да се предадеме. Сепак, победата не е единственото нешто што го сакаме Сакаме правда. Дојдов овде да барам правда“, рече Зеленска.

Таа пред пратениците ги опиша ужасите со кои се соочува Украина денеска.

„Русија сака да создаде хорор во Украина со масовни напади. Повеќе од 20 милиони Украинци живеат без струја, вода и греење секој ден. Во многу окупирани градови и села, Русите користат систематско насилство. Идентификувавме илјадници Руси кои извршиле разни кривични дела, па дури и сексуални. Најмладата жртва на силување имала четири години…“, изјави Олена.

Олена Зеленска на конференција во Лондон рече дека „сексуалното насилство и злосторствата“ се дел од рускиот „арсенал“ со кој сакаат да ги „понижат Украинците“ и побара „меѓународен одговор“ во врска со тоа.

„Во моментов, обвинителството истражува повеќе од сто случаи на сексуално насилство за кои постои сомневање дека биле извршени од руски војници“, рече Зеленска, додавајќи дека ова е само „мал дел“ од големиот број такви случаи во Украински конфликт.

Таа потсети дека првиот случај за кој се води судска постапка е случајот со жена која била силувана од војници откако и го убиле сопругот.

Loading...

Русија „систематски и отворено“ врши сексуално насилство, додаде таа.

„Затоа е исклучително важно да се прогласи за воено злосторство за да можат агресорите да бидат кривично гонети“, нагласи таа, повикувајќи на „меѓународен одговор“ за „потиснување на сексуалното насилство во конфликти“.

Олена Зеленска оцени дека сексуалното насилство е „најсуров и најдивјак начин да се покаже превласт“.

Како што вели Олена, сите знаат дека руската армија извршила голем број силувања во Украина, но жртвите не зборуваат многу за тоа од страв дека нивните агресори ќе се вратат и ќе го повторат злосторството, а владата формирала оддел за психолошка помош на жртвите од војната.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.