Здружението „Коледари“ ќе го одбележи Бадник во Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово во понеделникс со голема прослава на градскиот плоштад од 12 часот ќе го одбележи празникот Бадник, предвесникот на христовото раѓање.

Loading...

– По повод Божиќните празници, а со цел да ги задржиме традиционалните обичаи на нашиот народ, на 6ти јануари 2020 година (понеделник) во 12 часот на „Тумба“ ќе организираме народен собир со програма и музика, а ќе поделиме и бадникови гранчиња, чај, овошје и секако греена ракија, велат од здружението.

Ова ќе биде традиционална 21ва прослава на Бадник на градскиот плоштад организирана од здружението „Коледари“

Leave a Reply