Завршија Олимписките игри, САД со најмногу медали

Сподели со своите пријатели

Триесет и првото издание на Летните Олимписките игри и официјално рано утринава по македонско време заврши.

По две недели натперварувања, неперспиени ноќи на градот домаќин, Рио де Женеиро ги имаме и најдобрите спортисти. Официјално и оваа година со најмногу злато заминуваат Соединетите Американски Држави со освоени 121 медал.

Табелата со десет најдобри изгледа вака:

1.САД 121 (46 златни медали+37 сребрени+38 бронзени),

2.Велика Британија 67 (27+23+17),

3.Кина 70 (26+18+26),

4.Русија 56 (19+18+19),

5.Германија 42 (17+10+15),

6.Јапонија 41 (12+8+21),

7.Франција 42 (10+18+14),

8.Република Кореја 21 (9+3+9),

9.Италија 28 (8+12+8),

10.Австралија (29 (8+11+10).

Меѓу оние кои не освоија медал е Македонија, а таму меѓу остнатите друштво и прават државите: Бенин, Белизе, Аруба,Буркина Фасо, Џибути, Гана, Гуам, Кирибати, Микронезија, Свазиленд и други.

Со медали се закитија 87 земји од сите национални учесници, а во регионот со најмногу медали се враќа Хрватска и тоа со 10 (5+3+2) која е пласирана на 17 место, а тука е и Србија со освоени 8 медали, од кои две злата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.