Заврши проектот на ЦИД – „МултиКулти Коцка“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска напладне се одржа завршната манифестација во рамките на проектот „МултиКулти Коцка – Простор за интеркултурна/етничка акција“.

Loading...

[huge_it_gallery id=”249″]

Овој настан е круна на двомесечното дружење на младите кумановци кои беа дел од четири работилници: театар, драма и перформанс, уметност од рециклирачки материјали и дебатирање за човековите права.

Проектот беше наменет за средношколци, за сите средношколци од целиот град и беше двојазичен на македонски и на албански јазик. На овој настан можеме да ги видиме финалните резултати што младите сработија за овие два месеци“-вели Александра Михајловска, координатор на проектот.

 

Настанот е дел од одбележување на неделата на човековите права и опфаќа ученици од сите средни училишта во градот.

Дел од проектот беа и учениците од албанска националност кои заедно со сограѓаните Македонци работеа на полето на подобрување на меѓуетничките односи во општеството.

Драго ние што и по 9 мај во Тоде Мендол, за нас е чест што младите кумановци се дружат и не видоа никаква бариера. Мило ни е за тоа, и тоа ни беше целта да ги зближиме младите во Куманово. “- изјави Нами Исаки, вториот координатор на проектот.

Loading...

 

По проектот следуваше музички перформанс и театарска претстава, а воедно во галеријата на Центарот за култура беа изложени и креативните дела од рециклирачките материјали.