Населбата Гоце Делчев доби ново детско катче на локацијата кај Кошеви, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.
Loading...
Претходно нови детски катчиња беа изградени и во населбата Перо Чичо, како и на Градскиот кеј.
Loading...
Освен тоа, како што информираа од Општина Куманово, во изминатите четири месеци реализирани се низа инфраструктурни проекти.
Асфалтирани се 6.431 мери квадратни површина, а бекатон е поставен на површина од 11.743 метри квадратни.
Никола Ивановски