Заврши асфалтирањето на улицата „Тане Георгиевски“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Заврши асфалтирањето на улицата „Тане Георгиевски“ во Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Loading...

Улицата е во централното градско подрачје.

Поставен е нов асфалтен слој кој значително ќе го подобри движењето на пешаците и на учениците од нижите одделенија и со посебни образовни потреби кои следат настава во истурениот објект на централните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.

– Асфалтирани се 2.150 метри од улицата. Одвоени се 1.486.929 денари за санацијата. Градежните активности ги изведуваше „Кооп Инженеринг“ Куманово, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Реконструкцијата на оваа улица е дел од годишната програма за реконструкција и санација на улици и патишта во општина Куманово.

МИА