Завршен промотивен настан од кампањата „Нацртај попреченост“ на едукативниот центар „Нана“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Завршен промотивен настан од проектот „Нацртај попреченост“ кој го спроведува Едукативниот културен центар „Нана“ се одржа во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“. Кумановци имаа можност да разгледаат триесетина цртежи кои ги изработија учениците во рамки на кампањата „Нацртај попреченост“ која „Нана“ ја спроведува како дел од проектот кој го спроведува Институтот за медиуми и различности од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Loading...

– Целата кампања се овиваше во три фази кои се реализираа во периодот од 20 февруари до 24 јуни 2019 година. Првата фаза се состоеше од четири работилници со ученици од ООУ „Толи Зордумис“, Куманово. Втората фаза од кампањата беше посветена на изработка на графит на ѕидот на училиштето од страна на графити мајсторот Небојша Спасиќ и изработка на промотивно видео. Последната фаза беше посветена на промотивниот настан на кој се промовираше видео записот, се изложија триесетина цртежи на учениците а воедно на лице место Александар Спасиќ и Ангелина Краљевски попреченоста ја цртаа и на платно а за пријатната музичка атмосфера се погрижи младиот Лука Китановски- изјавија од „Нана“.

Целта на оваа кампања е да се подигне свеста кај учениците за попреченост во училиштата, да им се укаже за важноста за грижата за учениците кои имат одредени пречки во развојот. Работилниците имаа за цел, учениците да го разберат значењето на попреченоста и како таа не е одраз на личноста на поединецот, како да се комуницираат со лицата со попреченост како да им даде помош и поддршка и како да го почитуваат концептот на еднакост без оглед на попреченоста.

Училиштата се базата во која учениците примаат општествено важни сознанија и информации кои ќе ги применуваат во текот на нивниот живот, особено кога ќе се вклучат во општеството како одговорни возрасни лица.

Loading...

-Важноста на спроведување на едукација за лицата со попреченост за време на образованието води кон инклузивно општество во кое лицата со попречености се еднакви, прифатени и соодветно згрижени – велат од „Нана“.

Leave a Reply