Затворски чуварки се впуштиле во романса со осуденик: Љубовта цветала, но стигна и казната

Сподели со своите пријатели

Две чуварки во затворот Рочдејл, Алиша Бејтс (29) и Џоди Вилкс (27), признале дека имале „незаконска врска“ со осуденик.

Loading...

Првата е осудена на две години и осум месеци затвор, додека втората доби условна казна од 12 месеци, пренесува The Sun.

На судот беше кажано дека Бејтс започнала романса со осуденик во декември 2019 година, додека таа работела како затворски службеник.

 

 

Во тој период таа му праќала експлицитни фотографии и СМС пораки на неговиот телефон.

Една година подоцна, Вилкс започнала врска со истиот човек, кој бил осуден за прекршок за дрога.

Loading...

Паралелната романса траела два месеци, а полицијата во ќелијата на затвореникот пронашла мобилен телефон кој ја разоткрил „љубовната шема“.

Во една од пораките, Бејтс рекла: „Те сакам 24/7. Не можам да се наситам од тебе. Би ти се јавила во секој момент“.

Покрај фотографиите, Бејтс разменила и видео клипови со осуденикот, а подоцна негирала дека имало физички контакт.

Таа во полиција тврдела дека била изманипулирана и дека „се заљубила“.

 

 

Од друга страна, Вилкс призна дека учествувала во „несоодветно дружење“, но дека не била изманипулирана.

Loading...

Судијата Елиот Нопф сметаше дека во случајот со Бејтс имало „сериозно нарушување на довербата“.

„Да, сте биле фатени во неговата стапица, тој ве идентификувал како некои на кои може да им се пријде. Но, не сте морале да го прифатите тоа“, истакна тој.