Затвор до три години ако работодавачот побара поврат на К – 15 од работниците

Сподели со своите пријатели

Со казна затвор од три месеци до три години ќе се казни оној работодавач кој ќе побара од работникот да му врати одреден износ на плата или други надоместоци исплатени од работодавачот е најновата измена на Кривичниот закон, објави порталот Академик. мк.

Loading...

„Повредата на правата од работен однос претставува кривично дело согласно член 166 од Кривичниот законик на Република Македонија во кој што е предвидено дека повредата, одземањето или ограничувањето на правото што му припаѓа на работникот е кривично дело и за истото е предвидено соодветна казна“, се вели во образложението на измените на Кривичниот законик.

Во најновите измени се појаснува дека работодавачот кој на работник ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот, или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот, ќе се казни со  затвор од шест месеци до пет години.

Работодавачот кој ќе ангажира лице со кое не е заснован работен однос согласно законот, ќе се казни со казна затвор до три години.