Заталкан куршум оштетил возило во Куманово

Сподели со своите пријатели

Заталкано зрно од огнено оружје оштетило патничко моторно возило во Куманово, а сопственикот случајот го пријавил во полиција вчера.

Loading...

– На 07.05.2023 во 16.09 часот во СВР Куманово, Б.Ш. пријавил дека на улица „Благој Илиев Гуне“ во Куманово од залутано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко моторно возило „фолксваген голф“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Полициски службеници го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Никола Ивановски