Засилени стражарни служби во затворот каде се сместени обвинетите од Диво насеље

Сподели со своите пријатели

Како што јавува агенцијата МЕТА, денес во битолскиот затвор “Црн мост”, поточно Казнено поправна установа каде се сместени дел од обвинетите за настаните од Диво Насеље, е забележано зголемено полициско обезбедување, повикувајќи се на извори од МВР.

Loading...

Според директорот на битолскиот затвор Славко Гацовски, како и началничката на Секторот за односи со јавноста и протокол на МВР, Наталија Спирова – Кордиќ, во затворот е распоредено засилено обезбедување со зголемени мерки на безбедност со редовни полициски службеници, но не и со специјалци, јавува МЕТА.

Повикувајќи се на изјавата на Гацовски, МЕТА наведува дека во „Црн мост“ се сместени дел од обвинетите лица од Диво Насеље, но без конкретни имиња.

Директорот во изјавата за МЕТА воедно ги негирал наводните информации дека на стражарите им било земено оружјето, појаснувајќи дека тие носат оружје само надвор од сместувачките објекти.

Од МВР за подоцна е најавено објаснување зошто е зголемено нивото на обезбедувањето на битолскиот затвор.

Фото: Нова Македонија

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.