Претпладне денеска низ Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Попладне ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 33 степена.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време со сонце во претпладневните часови, но и услови за дожд попладне.
Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 27 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време.
Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достнува брзина и над 40 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу 8 степен, а максималната дневна ќе достигне 24 степени целзиусови.

Сабота носи сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од север и северозапад.
Минималната температура ќе се спушти околу 12 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 27 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 28 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски

