Повеќе луѓе починале, отколку што деца биле родени во првото тримесечје годинава во Куманово, полажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во јануари, февруари и март, според Извештајот за природно движење на населението, во Куманово биле родени вкупно 205 бебиња, но починале 286 лица.
Тоа е негативен природен прираст од 81 жител.
Во споредба со истиот период минатата година има подобрување на природниот прираст. Во 2025 година изнесувал -153, односно биле родени 173 бебиња, а починале 326 лица.

Намалување е регистрирано и кај бројот на новорегистрирани бракови, но и кај разведените.
Во текот на првите три месеци годинава во брак стапиле 68 парови, што е за 13 повеќе од истиот период лани.
Крај на брачната заедница во првото тримесејче одлучиле да стават24 парови, односно 12 разводи помалку споредбено со 2025 година.

Старо Нагоричане
Во соседната општина Старо Нагоричане за првите три месеци годинава се родиле 6 деца, а починале 17 лица, односно природен прираст од -11.
Тоа е на слично ниво од минатата година, кога во истиот период се родиле 7, а починале 17 лица, односно негативен природен прираст од -10.

Во однос на скучените бракови, во оваа рурална општина лани во брачна заедница стапиле два пара, исто толку и се развеле. Минатата година во истиот период немало разводи, а имало пет нови бракови.

Општина Липково
Во општина Липково, годинава во првото тримесечје биле родени 44 новороденчиња, а починале 54 лица, односно негативен природен прираст од -10.
Исиот период минатата година во липковско се родиле 41, починале 46 лица, односно природен прираст од -5.

Годинава се регистрирани 111 нови бракови, а имало два разводи. Бројот на разводи бил ист и лани, но биле склучени помалку бракови, односно 103.

На ниво на Македонија, во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца e 3 380 и е намален за 4.1 %.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2026 година во Македонија бележи намалување од 1.0 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5 342 лица, а од нив 9 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 1 797 бракови и нивниот број е намален за 2.7 % во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6.2 % во споредба со истиот период од 2025 година.
Никола Ивановски

