Започнува најпознатиот карневал во светот, заработката се мери во милијарди (видео)

Сподели со своите пријатели

Во Бразил денес започнуваат карневалските прослави, а првите луѓе на Рио де Женеиро каде и се одржува најпознатиот карневл во светот, се подготвуваат за симболично предавање на клучевите на градот на кралот Мом, водач на карневалската забава.

Агенцијата Ројтерс пренесува дека илјадници локалци и странци се собираат пред почетокот на петдневниот фестивал и покај рецесијата и штрајковите на полицијата поради кои во последните седмици е зголемена и загриженоста за безбедноста на учесниците на карневалот.

Градските власти во Рио очекуваат дека карневалот ќе привлече милиони посетители и локалната економија ќе заработи нешто повеќе од милијарда долари.

Loading...