Започнува изградбата на фекален колектор во селото Речица (видео)

Сподели со своите пријатели

Компнијата „Жикол“ преку проектот на ЕБРД од денес започнува да работи на поставување на фекалниот колектор во атарот на кумановското село Речица, најави денес градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски одговарајќи на новинарско прашање.

Тоа е исто така капитална инвестиција, решавање на канализациона мрежа во Речица и чекаме другите два проекта, тоа се далечински мерачи, 10 илјади протокомери, дефектомери на ЈП „Водовод“ кој е 1,7 милиони евра и со тоа ќе имаме комплетна слика за потрошувачката на водата и проектот за Тромеѓа кој исто така го завшрува историски започнатиот канал – рече Дамјановски.

Станува збор за финансиски средства од Европската банка за реконструкција кои трета година по ред проектот кочи поради тоа што нема зелено светло од Минситерството за транспорт и врски за иставање на одобрение за кредитот.

Околу 28 километри ќе бидат реконстуриарни од постоечката канализациска мрежа во централното градско подрачје преку ИПА проектот од 4,2 милиони евра, проект кој треба да се заврши до крајот на следната година.

фото: арихва

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”400″ height=”650″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.