Започнува годишниот попис на бездомниците во Лос Анџелес

Сподели со своите пријатели

Градот Лос Анџелес започна годишен попис на бездомниците за да се утврди колку луѓе се бездомници и каква помош им е најпотребна.

Loading...

Овогодинешниот тридневен попис доаѓа во време на засилено јавно незадоволство поради неуспехот на локалните власти да ги решат проблемите на луѓето кои живеат на улица – во автомобили, шатори и картонски засолништа.

Пописот од 2023 година покажа дека округот Лос Анџелес има 75.500 бездомници, што е девет отсто повеќе од претходната година.

Од 2015 година, бројот на бездомници е зголемен за 70 отсто во областа и за дури 80 отсто во самиот град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Околу 46.200 од нив живеат на територијата на самиот град Лос Анџелес, каде што расте незадоволството на граѓаните поради зголемениот број „шаторски населби“ на тротоарите, парковите и другите јавни површини.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, минатиот месец објави дека повеќе од 21.000 луѓе кои живеат на улица ќе бидат сместени во хотели и други засолништа.

Резултатите од овој попис, како што е најавено, ќе бидат објавени кон крајот на пролетта или почетокот на летото.