Започнаа уписите во средните училишта во Македонија

Сподели со своите пријатели

Во следните два дена ќе трае првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни.

Loading...

Конкурсот е објавен на интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk. Таму се наведени сите слободни места за гимназиите, стручните и за уметничките средни училишта во сите општини. Напишани се критериумите за упис, како и потребните документи.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 22 и 23 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2015 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на25 јуни 2015 година, а резултатите ќе се објават на 26 јуни 2015 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 29 и 30 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2015 година.