Започна украсувањето на кумановските улици за Нова година

Сподели со своите пријатели

Низ улиците на Куманово започна новогодишното украсување.

Loading...

За таа намена, ЈП Куманово паркинг оваа година ќе потроши 3,5 милиони денари, информираше на последната седница на Советот, директорот Фадиљ Шабани.

На неговата изјава тогаш реагираа советниците од опозицискиот блок со зборовите дека повеќе пари ќе се потрошат за новогодишно украсување отколку за ново улично осветлување во цела 2016 година.