Започна испораката на германски хаубици во Унгарија

Сподели со своите пријатели

Првата од 24-те нарачани самоодни хаубици PzH 2000 на германската компанија KMV пристигна во Унгарија, со што продолжува сеопфатната модернизација на унгарската армија, јавува денеска порталот Balkan Security Network, пренесува агенцијата Бета.

Loading...

Панцерхаубици ќе користи 101-та артилериска дивизија на 25-та пешадиска бригада „Ѓоѓи Клапка“ од Тата.

Набавката е дел од пакетот вреден половина милијарда евра, кој вклучува и набавка на 44 тенкови Leopard 2A7 и 12 користени Leopard 2A4.

Хаубиците PzH 2000 се со калибар од 155 милиметри, имаат петчлен екипаж и можат да истрелаат до 10 проектили во минута.

Максималниот дострел е помеѓу 30 и 67 километри, во зависност од видот на муницијата.

Програма „Зрински 2026“

„Набавката на хаубици и леопарди од Германија е дел од сеопфатната програма за модернизација на унгарските вооружени сили „Зрински 2026“. Стратешка определба е оружјето и опремата да се купуваат или произведуваат по лиценца од престижни производители во ЕУ“, се наведува во порталот.

Текстот не потсетува дека главни партнери на компанијата Ербас за хеликоптери Х-145М, а за тенковите Леопард 2А7 и хаубици ПзХ 2000 се германските КМВ и Рајнметал. Новото мало оружје го произведува Унгарија под лиценца на Ческе Збројовка (Ч.З.).

Будимпешта веќе има добиено 12 користени Lepard 2A4HU за возила за обука и логистика.

Loading...

Самоодните хаубици PzH 2000 веќе се користат во регионот од страна на Грција и Хрватска, а оваа година Унгарија започна преговори за набавка на уште понови самоодни хаубици од Германија.