Запалил полициско возило на СВР Куманово, пукал кон друго

Сподели со своите пријатели

Едно возило вчера изгорело во пожар пред управната зграда на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Случајот, за Алсат го потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи, од каде велат дека непознат сторител го подметнал пожарот.

– Околу 02,10 часот во Куманово на ул.„3-та Македонска ударна бригада“ во кругот на Управни служби при МВР, додека УПС вршел редовно обезбедување на објектот забележал дека на околу 20 метри далечина НН лице се обидува да предизвика пожар на ПМВ Спарк сопственост на МВР на РСМ и по кратко време забележал пламен во возилото. Откако УПС тргнал према возилото, НН сторителот се дал во бегство.При преземање мерки за негово пронаоѓање од страна на екипи од ПС Куманово и ПС за БПС Куманово на ул.„Боро Прцан“ НН сторителот испукал три куршуми према ПМВ Спарк со рег.бр.170-091 сопственост на МВР-ПС на БПС Куманово и избегал, а повредени лица нема, велат од МВР.

СВР Куманово презема мерки за негово пронаоѓање. Пожарот е изгаснат од страна на ТППЕ.

Од Регионалниот Центар за управување со кризи, кратко информираат дека околу 2 часот наутро на терен излегле тројца пожарникари и за половина час успеале да го изгаснат пожарот.

Leave a Reply