Западот му порача на Зеленски дека сега не е време за членство во НАТО

Сподели со своите пријатели

Украина вчера официјално аплицираше за членство во НАТО. Истиот беше потпишан лично од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Овој потег доаѓа истиот ден откако Русија официјално анектираше четири украински региони на својата територија.

Оваа одлука ја коментираа бројни светски претставници.

Аналена Баербок, министерката за надворешни работи на Германија, беше меѓу првите што го стори тоа.

„Ја разбирам желбата на Украина за рано членство. Сепак, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во нејзиното право на самоодбрана, но исто така јасно нагласивме од првиот ден дека имаме одговорности да обезбедиме војната да не се прошири во други земји и дека НАТО не станува воен партнер. Тоа важи и денес“, рече германскиот министер.

Освен неа, зборуваше и Белата куќа, поточно советникот за национална безбедност Џејк Саливан, кој зборуваше за сериозноста и можните последици од евентуалниот влез на Украина во НАТО алијансата.

„САД јасно ставија до знаење дека ја поддржуваме политиката на отворени врати за НАТО. Секоја одлука за членство во НАТО е помеѓу 30-те сојузници и земјите што сакаат да се приклучат. Во моментов, нашиот став е дека најдобриот начин за поддршка на Украина е преку практична поддршка на теренот. Влезот во НАТО треба да се остави за друг пат“, заклучи Саливан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...