Западот ја турка Грузија во војна со Русија, вели шефот на руската разузнавачка служба

Сподели со своите пријатели

Шефот на руската разузнавачка служба тврди дека Западот ја турка Грузија, која граничи со Русија, во конфликт со Москва за да отвори втор фронт бидејќи војната во Украина „не се развива во корист на Киев“.

Loading...

„Гледаме постојани обиди на Вашингтон, Брисел и Лондон да го убедат грузиското раководство за потребата од отворање на таканаречениот втор фронт“, изјави денеска Сергеј Наришкин, шеф на руската надворешна разузнавачка служба (СВР), за време на посетата на Белорусија, пишува CNN.

Тие забележуваат дека моменталната ситуација на бојното поле не е во корист на Украина и ја принудуваат Грузија да влезе во конфликт со Руската Федерација“, рече Наришкин.

Шефот на СВР денеска имаше средба со белорускиот претседател Александар Лукашенко, на која белорускиот лидер му порача на Наришкин дека двете земји се соочуваат со сериозни закани.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.