Заклучоци и препораки од 44. состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Сподели со своите пријатели

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

Loading...

Барање до Комисија за заразни болести да разгледа дали се почитува протоколот за утврдување и лекување на пациенти суспектни и потврдени од COVID 19, сметаме дека непридржување на протоколот може да доведе до епидемиолошко загрозување на Општина Куманово и вработените во ЈЗУ општа болница Куманово и бараме да се упати апел до матичните лекари од Општина Липково да се придржуваат до протоколите заради поуспешно лекување на заболените и спречување на ширење на епидемијата од соседната општина во Општина Куманово.

Поради новонастанатата ситуација и зголемен број на заболени од вирусот COVID 19 во соседната Општина Липково, ОШЗС Куманово со своите расположливи ресурси стои на располагање за помош при справување со епидемијата на ОШЗС Липково.

Се задолжува директорот на ЈЗУ општа болница Куманово да даде информација на ОШЗС Куманово со анализа за месец Мај во однос на хоспитализирани лица, број на третирани лица и излечени.
Се задолжува ЦЈЗ Куманово да даде информација на ОШЗС Куманово со анализа за месец Мај за број на позитивни случаи на територија на Општина Куманово и број на позитивни случаи на територија на Општина Липково, одделно, бидејќи бројката што се објавува во јавност е бројка што се води за Општина Куманово а всушност истата ги претставува бројките за позитивни случаи и за Општина Липково, како и број на извршени тестирања.

Се задолжува Брза помош Куманово да достави информација за месец Мај, за колку лица има извршено транспорт и на која релација, за да ОШЗС има увид што се случува и во Општина Куманово и во Општина Ликово, по однос на транспорт на суспектни и COVID 19 позитивни пациенти.

ОШЗС Куманово го задолжува ЈП „Чистота и зеленило“ со атомизер да продолжи со дезинфекција во ЈЗУ општа болница Куманово.

Интегрално соопштение: Општина Куманово

Leave a Reply