Захарова за Запорожје: Вистината ќе го најде својот пат

Сподели со своите пријатели

Ставот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во однос на нуклеарната централа Запорожје покренува голем број прашања, особено ако се земе предвид дека тој не испратил никаков сигнал до Киев, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Loading...

Според неа, Москва не е убедена дека Секретаријатот на ОН нема да се меша во испраќањето на нова експертска мисија на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) во нуклеарната централа.

Завчера во Советот за безбедност на Обединетите нации се одржа седница за нуклеарната централа Запорожје, а коментирајќи го исходот, Захарова рече дека ставот на генералниот секретар на ОН сѐ уште предизвикува прашања, пренесе Спутник.

„Немаше сигнали од негова страна до украинското раководство. Тој или не е способен или не сака да ја признае реалноста, бидејќи како поинаку да се објасни неодлучноста што се граничи со самозадоволство кога станува збор за украинските напади врз нуклеарната централа?“, праша таа.

Захарова рече дека токму поради опструкциите на генералниот секретар и на Секретаријатот со кој тој раководи, на почетокот на летото не била реализирана практично договорената и  подготвена меѓународна мисија на МААЕ.

Не сме убедени дека тоа нема да се повтори кога повторно ќе ја подготвиме мисијата на чело со секретарот на МААЕ, Рафаел Гроси, додаде таа.

Истовремено, Захарова го повика Киев да не создава нови тешкотии кога станува збор за испраќање на мисијата на МААЕ во нуклеарната централа Запорожје, пренесува Танјуг.

„Бевме вознемирени од обидите на украинскиот претставник во салата на Советот за безбедност да и диктира на МААЕ условите за спроведување на идната мисија. Ако од другата страна на океанот и во европските метрополи навистина се заинтересирани да ја реализираат мисијата, сега е можност да ги стават подредените на нивно место“, нагласи таа.

Loading...

Според неа, вистината секако ќе го најде својот пат и експерти на МААЕ ќе ја посетат нуклеарната централа и ќе видат со свои очи.

„Ја повикуваме украинската страна и нејзините покровители да не создаваат тешкотии кога станува збор за важната и одговорна работа на МААЕ“, изјави Захарова.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.