Захарова: Ќе направиме се мисијата на МААЕ да дојде во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Русија ќе направи се што е потребно експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја посетат нуклеарната централа во Запорожје, објави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова и ги осуди „обидите за попречување на пристигнувањето на таа мисија“.

Loading...

Захарова оцени дека официјален Киев ги разбира „несоодветните изјави кои доаѓаат една по една од Европската унија во обид да се освојат имагинарни политички поени“ како „зелено светло“ за создавање пречки за пристигнувањето на мисијата на МААЕ.

„Силно ги осудуваме обидите да се попречи пристигнувањето на мисијата. Во тесна соработка со МААЕ и нејзиното раководство, ќе направиме се што е потребно експертите на Агенцијата да ја посетат нуклеарната централа и да дадат вистинска оценка за деструктивните дејства на украинската страна“, наведе Захарова во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството.

Таа ги повика Вашингтон, Брисел и другите западни престолнини да престанат со своите „неодговорни игри и интриги околу нуклеарната централа Запорожје“ и итно да побараат од властите во Киев да престанат со нападите врз нуклеарната централа и околните територии, јавуваат руските агенции.

РИА Новости пренесува дека украинските војници во саботата повторно пукале врз градот Енергодар во областа Запорожје и нуклеарната централа Запорожје.

Нуклеарната централа се наоѓа на левиот брег на реките Днепар во близина на Енергодар и е најголемата нуклеарна централа во Европа по број на единици и инсталирана моќност.

Нуклеарната централа е под контрола на руската армија од март.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...