Захарова ја предупреди Јужна Кореја за последиците од снабдувањето со оружје на Киев

Сподели со своите пријатели

Москва смета дека секоја испорака на оружје за Украина е отворено непријателски антируски чин, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол за можна воена помош за Киев.

Loading...

„Русија спроведува одбранбени воени операции против колективниот Запад кој го избра марионетскиот режим во Киев како инструмент во својата хибридна прокси војна против нас. Во таква ситуација, секоја испорака на оружје за Украина, од каде и да доаѓа, ја сметаме за отворено непријателски антируски чин“, нагласи Захарова.

Според нејзиното мислење, ваквите чекори ќе имаат „исклучително негативно влијание врз билатералните односи со земјите што ги преземаат и ќе бидат земени предвид при формирањето на руските позиции за прашања кои ги засегаат основните безбедносни интереси на соодветните земји“.

„Во случајот со Јужна Кореја, може да се работи за пристапи за решавање на ситуацијата на Корејскиот полуостров“, објасни Захарова.

Таа потсети дека вооружените сили на Русија вршат високо прецизни напади исклучиво врз воени цели, а не врз објекти на цивилна инфраструктура.

„Во однос на загриженоста за цивилните жртви, за жал, ова е реалноста со која се соочија цивилите во Донбас уште во 2017 година поради нападите на бандата што ја презеде власта во Киев. Ова е една од клучните причини за актуелната криза. Не видовме сочувство на „колективниот Запад“, вклучително и Сеул, кон тие бројни жртви“, заклучи Захарова.

Во претходното интервју за Ројтерс, јужнокорејскиот претседател Јун Сок-Јол не ја отфрли можноста Сеул да почне да и испорачува оружје на Украина доколку се појави ситуација „меѓународната заедница не може да ја толерира“.

Тој како пример ги наведе големите напади врз цивили во Украина, масовните убиства или сериозните прекршувања на законите за војна.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.