Захарова: Англосаксонското дуо создаде уште едно чудовиште кое го турка светот на работ

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова денеска изјави дека Москва е подготвена на сите заинтересирани страни да им даде детални објаснувања за подготовките на Киев за провокација со употреба на „валкана бомба“.

Loading...

„Во понеделникот на тоа прашање целосно одговори рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој ја коментираше ситуацијата. Тој посочи одреден интерес на странски експерти и рече дека сме подготвени да воспоставиме соодветен контакт. Сакаме да им ставиме до знаење на сите дека сме подготвени да одговориме на сите прашања и дека ќе ги дадеме потребните одговори“, изјави Захарова за „Први Канал“ и додаде дека Русија повеќепати го повторила овој став, пренесе агенцијата ТАС С.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Како што наведе таа, она што е потребно сега да го направат Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција е да ги одложат сите свои планови и да седнат и да ги разгледаат материјалите што Русија ги спомна во телефонските разговори, како и да се анализираат информации во јавен домен.

„Англосаксонскиот дует создаде уште едно чудовиште кое во моментов го турка светот на најопасниот раб“, рече Захарова, пренесе Танјуг.

Таа рече дека континуираното украинско гранатирање на нуклеарната централа Запорожје е директен доказ за нивната „нуклеарна уцена“.

Лавров вчера изјави дека прашањето за ризикот Киев да употреби „валкана бомба“ ќе биде на дневен ред на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја изразил својата загриженост поради „можните провокации на Украина со употреба на валкана бомба“ во телефонски разговори со неговите колеги од Франција и Турција, објави во неделата руското Министерство за одбрана.

Валканите бомби се направени од конвенционални експлозиви, но нивните јадра се опкружени со радиоактивен материјал.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.