Захариев: Владата на СДСМ се грижи за младите

Сподели со своите пријатели

Владата на СДСМ се грижи за младите во државата, тоа го покажуваат спроведените мерки, истакна на денешната прес-конференција претседателот на СДММ Куманово, Мартин Захариев.

Loading...

Владата предводена од СДСМ ги штити и се бори за интересите на граѓаните, односно пружа повисок стандард и става акцент на младите, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажаа дека работат спротивно на интересите на граѓаните, со одлуката да не дадат поддршка за покачување на минималната плата на последната седница на Собранието, истакна на денешната прес конференција претседателот на СДММ Куманово, Мартин Захариев.

Тој посочи дека преку проектот „Гаранција за млади“ кој се спроведува на целата територија на државата во период од само 4 месеци по нивно евидентирање како невработени лица, вработени се 1.839 млади, а со проектот Европска младинска картичка се намалуваат трошоците за живот на младите, за транспорт, едукација, култура и спортување.

-Во Оперативниот план за вработување во 2019 година обезбедени се рекордни 1,1, милијарда денари, односно највисок износ досега, а овие средства фокусот го ставаат на доквалификација, вработување на најранливите категории и посебен акцент ставаме на младите невработени лица до 29 години. Во постапка е носење на закон за младинско учество и младински политики во Република Северна Македонија, со кој ќе се регулираат важните аспекти кои се од големо значење за подигнување на квалитетот на животот на младите, младинско учество и организирање на локално и централно ниво на младите за креирање политики кои се во интерес на младите-истакна Захариев.

Захариев нагласи дека со потпишување  на договори за соработка, Агенцијата за млади и спорт секоја наредна година ќе го зголемува фондот за поддршка на младинските организации.

-Во однос на вработувањето на младите, претседателот на Владата, Зоран Заев посочи дека е предвидено директно помагање од државата за тренирање или практично подготвување на младите за влегување на работа во првите шест месеци по завршувањето на образовниот процес а се предвидува и стипендирање на младите кои сакаат да продолжат на магистерски или докторски студии-истакна тој.

Според претседателот на СДММ Куманово ова се само дел од спроведените мерки кои ги афирмираат политиките на СДСМ со кои докажуваат дека градат правично, демократско и фер општество за сите.

Leave a Reply