Заев: Специјален обвинител до 15-ти септември или „бомбите“ ќе продолжат (видео)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев при вчерашната посета на Струга, ја искористи приликата да разговара со граѓаните и да истакне дека политичките игри на власта не можат да го уништат мултиетничкиот соживот на жителите на овој град.

Loading...

При посетата тој ја искористи приликата да ги искоментира моменталните политички состојби во државата, при што истакна дека доколку не се изнајде решение за специјален обвинител за случајот „Пуч“, веќе од 15ти септември тој ќе продолжи со објавување на прислишуваните материјални, т.н. „бомби“ со кои додатно ќе ги открива криминалите на актуелната власт.

Дозволете, исто така, да дадам коментар за актуелни прашања коишто се случуваат во нашата земја, пред сѐ, поврзани со разговорите коишто траат на ниво на работни групи, согласно договорот од 2-ри јуни и протоколот од 15-ти јули.

Во моментот се преговара за јавниот обвинител, таканаречениот специјален јавен обвинител, којшто ќе биде надлежен да отвори постапки пред истражни и истражни и да донесе одлуки за сѐ што е поврзано и сѐ што произлегува од прислушувањето. Тоа им го должиме на граѓаните по пат независен, преку независен специјален јавен обвинител, овие постапки да се отворат, да се каже што е точно, што не, и согласно тоа да се покренат процесите.

Ние сме убедени дека решение мора да се најде. Точно е дека не сме до крај на чисто и ние од опозицијата и тие од власта, во делот на решението. Но, апсолутно сме согласни во неговата целосна автономија. Согласни сме дека во договорот стои нов јавен обвинител со целосна автономија којшто ќе биде надлежен за сѐ што произлегува од прислушувањето и сѐ што е поврзано со прислушувањето, на предлог на четирите партии потписнички.

Различноста во концептите постои во делот на тимот околу самиот специјален обвинител. Сеуште сме на позиции дека, согласно постојниот закон за јавно обвинителство, секој јавен обвинител има обвинители во самото Обвинителство, власта тврди дека тоа треба да се реши со стручни служби и стручни соработници.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.