Заев: Повикувам на широк граѓански фронт за слободна Македонија (видео)

Сподели со своите пријатели

Пред еден час заврши прес конференцијата на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев ги повика граѓаните на Република Македонија на широк граѓански фронт за слободна Македонија.

Заев ги повика сите коалициски партнери на СДСМ, политичките партии, невладините организации, здруженијата, синдикатите, интелектуалците, професорите, вработените, невработените, целата демократска јавност, сите борци за слобода да се приклучат на партијата.

Заедно со граѓаните да ја вратиме демократијата, да ја донесеме слободата. Бидејќи сега тоа не е прашање на личен избор, туку прашање на Македонија и нејзината иднина. Демократска Македонија не прифаќа лажни избори.Слободна Македонија за фер избори и слободни медиуми, за независни институции во служба на граѓаните, за вистинска борба против корупцијата и криминалот. Слободна Македонија за враќање на европските вредности и зачувување на националните интереси на Република Македонија – рече Заев на прес конференцијата.

Тој ги повика сите да застанат, како што вели, на страната на Македонија.