Заев одржа ургентен прес по повод задолжувањето од 100 милиони евра (видео)

Сподели со своите пријатели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува да ги штити интересите на граѓаните, на идните генерации и на Република Македонија, истакна на денешниот ургентен прес претседателот на СДСМ, Зоран Заев

Loading...

Ќе ги искористиме сите законски и демократски механизми за да спречиме изборна корупција, злоупотреба на парите на граѓаните за изборни цели и ново задолжување на граѓаните. Откако призна пораз на сите политики во изминатите 10 години, Никола Груевски, пред заминување од премиерската позиција, сака да ги задолжи граѓаните со нови 100 милиони евра на домашниот пазар. Иако пред неколку дена ја задолжи државата со 270 милиони евра за да може да се исплатат плати, пензии, социјална помош, субвенции, да може да се реализираат капитални проекти. СДСМ, преку дополнителниот заменик министер, го искористи законското право и во интерес на граѓаните стави вето на новото задолжување од 100 милиони евра. Одлуката на постоечкиот состав на Државната изборна комисија за одбивање на законското право на вето е очекувана и водена од политичкиот интерес на власта. Дури и во своите последни 5 минути Никола Груевски работи спротивно на интересите на граѓаните. Актуелниот состав на ДИК, чијшто законски мандат истече на 08.11.2015 година, на неполни 24 часа пред изборот на новиот состав, донесе политички диригирана одлука на штета на граѓаните, истакна Заев.

Не може правото на вето на дополнителниот заменик министер да биде почитувано кога се работи за задолжување на меѓународен план, а да не важи за задолжувањето кај домашните банки. Пред денешната закажана аукција ги повикувам банките да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните на Република Македонија, подвлече Заев.