Заев: Девојки и жени молкот не е решение, јас, ние, државата, сме тука да ви помогнеме

Сподели со своите пријатели

Веруваме во општество кое дава еднакви шанси на сите граѓани. Градиме општество во кое секој граѓанин, без разлика на полот, има еднаков пристап до ресурсите и нивната праведна распределба. Веруваме дека за да имаме одржлив развој и да имаме добри предуслови за развој на нашата држава и демократијата, важно e да ги вклучиме подеднакво и жените и мажите во сите структури на општеството, да го искористиме нивниот капацитет подеднакво, никој да не биде заборавен или занемарен. Наша заложба е општество еднакво за сите и праведно кон сите. Наша цел е да овозможиме постигнување родова еднаквост во нашата земја, сузбивање на родовите стереотипи и елиминирање на родово-базираното насилство, а родовата еднаквост да стане неизоставен принцип во креирањето на политиките во земјата.

Loading...

Ова го нагласи претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во обраќањето на онлајн трибина „Молкот НЕ е решение“ вечерва на Форумот на жени на СДСМ во рамки на 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата.

– Затоа жени и девојки ве охрабрувам немој да молчите – молкот не е решение. Јас, Ние, државата, институциите сме тука за вас да ви помогнеме. Јас и Вие сите заедно мораме да се избориме да го искорениме родово базираното насилство, говореше премиерот Заев на трибината „Молкот не е решение“ посветена на активизмот против насилството врз жените и семејното насилство.

Тој ја посочи заложбата на СДСМ и на Владата и преку законски решенија и меѓународни документи да се гарантира заштитата на жените.

– Го донесовме Законот за заштита и спречување на дискриминација. Овој закон директно треба да придонесе преку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ниту една жена врз било каква основа да не смее да трпи дискириминаторски однос, дали било на работното место, во науката, во спорот, во политката, во домот, во правосудството и во сите сфери на општественото живеење. Жената треба да биде рамноправна со мажот. Нашата цел е стапката на семејното насилство од година во година да биде се пониска, да бидеме горда земја која ќе покаже во Европа и светот дека имаме земја со ниска стапка на семејно насилство, а за тоа е потребна едукација и активизам. Веднаш по доаѓањето на власт ја усвоивме Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство или позната како Истанбулска конвенција, која претставува регионален правен инструмент што дава сеопфатна заштита на правата на жените. Оваа конвенција предвидува заштита на жените од насилство, унапредување на родовата рамноправност, самата улога на жените во спречување и разрешување на конфликти и градењето на мирот и огромен број на придобивки кои оваа Конвенција ги носи, истакна Заев преку онлајн трибината.

СДСМ, истакна тој, е партија предводник на концептот за целосна родова еднаквост, партија која креира и спроведува политики кои значително помагаат во поголемата вклученост на жените во општествениот живот.

Ние заедно со жените во СДСМ, подвлече Заев, го покажавме со дело она што беше заложба на вториот бран на феминизмот преку мотото дека личното е политичко, преку конкретни дела и политики покажавме што значи вистинска заложба и вистинска борба на жените во политиката, но и во општеството. Последен доказ за тоа се и статутарните измени во СДСМ, со кои СДСМ е прва партија во земјава, во регионот и една од ретките партии во Европа, која има целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените рамноправно во своите органи и тела на партијата.

Форумот на жени во СДСМ се регулира како трајна и статутарно форма на организирање што е нова додадена вредност, подвлече тој и додаде дека жените се дел од промените и победите на СДСМ и од победите на нашата татковина, дел од секој успех во изминатитие 3,5 години откако ја презедовме одговорноста што ни ја дадоа граѓаните.

Loading...

– Родовата еднаквост е вредност во која ние како социјалдемократи веруваме затоа што општество каде сите се еднакви и општество во кое има просперитет, такво општество ние создаваме. Веруваме во општество кое дава еднакви шанси за сите граѓани, градиме општество во кое секој граѓанин, без разлика на полот има еднаков пристап до ресурсите и нивната праведна распределба. Веруваме дека за да имаме одржлива развој и да имаме добри предуслови за развој на нашата држава и демократија,  важно е да ги вклучиме подеднакво и жените и мажите во сите структури  на општеството, да го искористиме нивниот капацитет подеднакво, никој да не биде заборавен или занемарен. Наша заложба е општество  еднакво за сите  и праведно кон сите, наша цел е да овозможиме постигнување родова еднаквост во нашата земја, сузбивање на родовите стереотипи и елиминирање на родово базираното насилство, родовата еднаквост да стане неизоставен принцип во креирањето на поолитиките во земјата, истакна Заев.

Цветанка Миновска

Leave a Reply