Заев даде изјава по одложувањето на судското рочиште за случајот “ПУЧ” (видео)

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Како што знаете, 2015 ја потрошивме вистината да излезе на површина и да допре до граѓаните, изјави денес Зоран Заев, откако беше одложено судското рочиште за случајот ПУЧ од страна на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Оваа 2016-та ќе биде година на правдата, вели Заев, т. е година кога ќе се врати правдата во Република Македонија, но, и година на вистинските вредности.

Година во којашто ќе зборуваме за економија, кога ќе има економски натпревар, кадешто граѓаните ќе имаат претстава и слика што е важно за сите нас, за тоа како ќе се димензионираат економските текови во Република Македонија со промената на власта што треба да се случи на наредните парламентарни избори.

Прашан за тоа како ја коментира одлуката за одложување на рочиштето за март, Заев вели дека тоа е логичен след на настаните.

Тоа е логично, затоа што материјалите од судот не се предадени на СЈО и ќе мора тие постојано да доаѓаат до судот и да ги гледаат доказите за делот од Пуч. Јас ја имав таа прилика уште во јавното обвинителството кога беа доказите, заради нивната обемност, посебно заради делот којшто беше доставен од нас и логично е дека треба дополнително време за да се направи увид со постојано доаѓање на доказите во судот, а останатиот дел го оставам како потреба на самото СЈО, истакна Заев.