Заборавете на „мајката на сите бомби“, затоа што Русите имаат „татко“ (видео)

Сподели со своите пријатели

„Немојте да ве залажуваат, Русите поседуваат нешто многу посилно од американската „мајка на сите бомби“, GBU-43/B. Деца, запознајте го тато“ – пишува „Раша тудеј“.

Во статијата се наведува дека „таткото на сите бомби“ Русите го развиле уште во 2007 година, па по јачинат аи ефикансноста е супериорен над америнаската мегабомба.

За разлика од американската бомба, руската е полесна. Додела американската тежи 8.200 килограми, руската е тешка околу 7.000 килограми. Мегабомбата на Русија експлодира во воздух, спојувајќи се со атмосферскиот кислород, за да го прошири подрачјето зафатено со експлозија додека ја уништува целта. Гасовите во близина на детонацијата горат, правејќи вакуум, кој може да повлече предмети кон средиштето на експлозијата.

Според пишувата на РТ, Русија својата мегабомба ја тестирала уште во 2007 година на непозната локација, а она што ексползијата го оставила зад себе, личело на површината на Месечината.

Loading...

Александар Рушкин, тогашен заменик начелник на руските вооружеи сили рекол дека наведената бомба по ефикансност е рамна на нуклеарните бомби. Русија досега наведенаа бомба никогаш не ја користела во ексползијата.

Само за потсетување, бомбата GBU-43/B, најголемата ненуклеарна бојба која ја има американската војска испорачува 11 тони ексползив, фрлена е на комплекс тунели и пештери и уништила три нивоа тунели, како и складиште со оружје и муниција. Во прашање е прво користење на ваква боба во војувањето на САД.