Интернетот на SpaseX преку „Starlink“ ќе биде достапен кон средината на 2020 година

Сподели со своите пријатели

SpaceX лансираше осум сателити Starlink во орбитата на Земјата на 22 април.

Loading...

Набргу потоа, сателитите може да се забележат од Земјата, како светлечки точки на ноќното небо.

НАЈПОПУЛАРНИ АПЛИКАЦИИ ВО МАРТ: TikTok на врвот

Според извештаите што доаѓаат од компанијата, се работи на намалување на тој отсјај бидејќи би можел да им пречи на научниците во истражување на вселената.

30 илјади сателити

Основачот и извршен директор Илон Маск вели дека оние заштиници, кои се изработени од темна пена, можат минимално да влијаат на радио-преносот – и да помогнат сателитите да бидат помалку видливи.

500.000 лозинки од корисниците на моментално најпопуларната платформа завршија на црниот пазар

Тоа е добра вест за астрономите, кои се загрижени дека растечкиот број на сателитите „Starlink“ може да им го отежне погледот на универзумот.

Loading...

На компанијата досега ѝ се одобрени за лансирање 12.000 сателити, а аплицираше за уште 30.000 лансирања.

Во моментов, 442 од нив се наоѓаат во орбитата на Земјата, а заради перспектива, целото човештво досега има испратено вкупно нешто помалку од 10.000 предмети во вселената.

Збогум на СМС, добредојде на 5G пораките

SpaceX од минатата година постојано лансира нови сателити во вселената, со друг дел подготвен за испорака следниот месец.

Следното лансирање ќе биде опремено со таа темна пена, и тие се надеваат дека ќе можат да ја обезбедат интернет услугата со програма „Starlink“ кон средината на годината.

Leave a Reply