За време на натпревар на кумановски тим, навивач се пресметал со полиција

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден околу 16,40 часот во Скопје, на фудбалскиот стадион на ФК Локомотива, при одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Локомотива од Скопје и ФК Гоблен од Куманово, од страна на член на управата било побарано да биде отстранет Н.Ќ. (50) навивач кој бил пред соблекувалните, а истиот не смеел да биде таму.

Loading...

Од страна на полициски службеник му било наредено да излезе на што Н.Ќ. се оглушил на наредбата започнал вербална расправија, а потоа и физички го нападнал полицискиот службеник.

Истиот е приведен, извршен е разговор и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.