Во текот на вчерашниот ден (02.07.2025) во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 429 возачи.
Од нив, 267 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 83 возеле без возачка дозвола, 12 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…
За време на контролата санкционирани се и 189 други видови на сообраќајни прекршоци.
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.