За психологијата нема тајни: До кое ниво од пирамидата стасавте вие?

Сподели со своите пријатели

Американскиот психолог Абрахам Маслоу создаде пирамида на човечки потреби, хиерархиски распоредена во пет нивоа.

Loading...

Ние луѓето не сме суштества што некогаш сме задоволни, па штом повеќе или помалку ги задоволиме потребите на едно ниво, стануваме преокупирани со повисокото, пишува Simplypsychology.org

  1. „Дното“ на пирамидата или првото ниво се основните, физиолошки потреби: воздух, храна, вода, секс и сон.

Не постои начин да заборавиме на нив или да ги исклучиме, тоа е она што го имате.

  1. Ако сте јаделе и мокреле, продолжуваме кон потребата од безбедност.

За да функционираме правилно, мора да имаме цврста подлога на нозете.  За да се постигне ова, не би било лошо под нашите прозорци да не ни паѓаа бомби, ако имавме што да јадеме секој ден, ако не се боревме до смрт и да не страдавме од некоја неизлечива болест (или воопшто болест).

 

 

  1. Потребата за припадност е она што треба да го задоволиме следно.

Не сме осамени волци, да, функционираме само во чопор.

Loading...

Нашиот „чопор“ се луѓе со кои имаме блиски врски – семејство, пријатели, момче / девојка / сопруг / сопруга и сè помеѓу.

Ако не сте сами на овој свет, ајде да одиме на следното ниво!

  1. Ова е веќе фаза што многу луѓе сè уште не ја достигнале – најчесто се попречува потребата да бидат прифатени.

Иако, не би поминувале време со тие луѓе ако баш не морало…

Потребата за почит, односно самодоверба, како и почитување на другите и желбата за успех е последна во низата потреби на недостаток.

  1. Стигнавме до врвот на пирамидата.

Ако сеуште сте со нас и досега е сѐ чекирано, честитки. Последната е потребата за самореализација: морал, креативност, спонтаност, решавање на проблеми, недостаток на предрасуди и потреба за исполнување на сите ваши потенцијали (сакаме да се дружиме со такви луѓе).

Малку работи на овој свет се врежани во камен. Оваа поделба не е меѓу нив, таа варира помеѓу поединци и заедници.

 

Loading...

 

За некои, успехот е поважен од љубовта, или тие повеќе сакаат да гладуваат отколку да ги кршат нивните принципи.

Некои критичари го прекоруваат Меслоу за изјавата дека неговата теорија не е универзална, туку е прилагодена исклучиво на американскиот систем на вредности; во земји како што се Кина или Кореја, благосостојбата на колективот се цени повеќе отколку личниот успех, додека во неразвиените земји потребата за (безбедна) работа е посилна од онаа на самореализација.

Во седумдесеттите години, таа била променета и дополнета, така што додал уште неколку нивоа во пирамидата.

1. Когнитивните потреби се над оние за ценење и подразбираат желба за знаење, разбирање и qубопитност.

2. Над нив се наоѓаат потребите поврзани со естетиката: потребата за убавина, рамнотежа, форма итн.

3. Конечно, на самиот врв на пирамидата (затоа, самореализацијата е отстранета од престолот) има потреби што ја надминуваат самата индивидуа – најсеопфатните нивоа на човековата свест и однесување, поврзани со космосот, природата, човештвото и другите живи суштества.

На кое ниво сте?

Loading...

Leave a Reply