За прв пат се намалува бројот на корисници на ChatGPT

Сподели со своите пријатели

OpenAI, креаторот на најпопуларната алатка за вештачка интелигенција, ChatGPT, за прв пат се соочува со намалување на бројот на корисници.

Loading...

Според компанијата за анализа на податоци Similarweb, количината на мобилни и десктоп сообраќај во ChatGPT е намалена за речиси 10 проценти во јуни, во споредба со мај оваа година.

Друга аналитичка компанија, Sensor Tower, објави дека употребата на апликацијата ChatGPT за iPhone е во постојан пад откако го достигна својот врв во средината на јуни.

Овие податоци покажуваат дека интересот на корисниците за чет-ботови и други алатки за вештачка интелигенција почнува да опаѓа.

На почетокот на оваа година, ChatGPT стана услуга со најбрзо растечки број на корисници во историјата.

Многу технолошки компании се обидоа што поскоро да го повторат успехот на OpenAI на ова поле, па тоа сега се рефлектира во „трошењето“ на корисниците.

Истовремено, историјата покажува дека корисниците се повеќе ги прифаќаат новите технологии и новите производи побрзо и во поголем број.

Пред нас е најновиот пример, Threads, од компанијата Мета, кој едноставно го „издува“ ChatGPT од првото место во однос на брзината на регистрација на нови корисници.

Loading...

Оваа апликација достигна бројка од 70 милиони регистрирани корисници за помалку од два дена (за споредба, ChatGPT достигна 100 милиони корисници за два месеци).

Намалувањето на бројот на корисници на ChatGPT може да се толкува на неколку начини.

Едно од толкувањата е дека во летниот период студентите не мора да пишуваат академски трудови.

Веројатно има вистина во тоа, но тешко може да го објасни падот од 10 проценти.

Друго толкување е поврзано со зголемениот број тужби против OpenAI во врска со употребата на туѓа интелектуална сопственост, како и фактот дека цензурата на одговорите „одбива“ некои корисници да ја користат оваа алатка, бидејќи ја сметаат за помалку корисна, помалку вистинита (бидејќи не гледа сè аспекти кога дава одговори), или едноставно помалку забавна.

Вистинскиот одговор е веројатно некаде на средина, односно намалувањето на бројот на корисници веројатно е резултат на сплет на сите споменати (и некои други) фактори.

Впрочем, во последните неколку месеци се појавија десетици натпреварувачи, кои не се цензурирани.

Можеби не се толку квалитетни како ChatGPT, но привлекуваат корисници бидејќи ќе одговорат и на „незгодните“ прашања што ChatGPT ги игнорира.

Loading...

Еден таков четбот е WizardLM-Uncensored, кој беше развиен од поранешниот вработен на Мајкрософт, Ерик Хартфорд.

Неговиот аргумент е дека нецензуриран четбот може да има валидна употреба, како на пример да им помага на сценаристите да истражуваат насилни сцени за филмови и серии.

Меѓутоа, исто така се покажа дека овој т.н нецензуриран четбот има некои ограничувања, бидејќи нема да одговори на сите прашања – едно од нив е како да се направи бомба.