„За наше Куманово“: Во Куманово следуваат 5 нови кружни текa, 2 нови катни гаражи и пробивање на бул. Октомвриска револуција до ул. Братство единство

Сподели со своите пријатели

Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ во следниот мандат, по победата на локалните избори има за цел да продолжи со решавање на сообраќајниот метеж и да ја подобри инфраструктурата во општина Куманово.

Loading...

Предвидени се 5 кружни текови на 5 клучни локации во градот, од кои 2 се веќе започнати проекти.

– На крстосница помеѓу улиците “Бајрам Шабани“, булевар “Трета МУБ“ и улица “Гоце Делчев“ (локалитет Серава).

– На крстосница помеѓу булевар “Октомвриска револуција“ и булевар “Трета МУБ“.

– На крстосница помеѓу булевар “Октомвриска револуција“, улица “Доне Божинов“ (во близина на бензинска станица “Макпетрол“).

– На крстосница помеѓу булевар “Трета МУБ“ и улица “Тоде Мендол“ (градски пазар).

– Кружен тек на раскрсница помеѓу булевар “Октомвриска револуција“ и улица “Видое Смилевски Бато“ (влез во с. Проевце).

По 17-ти октомври следува и пробивање на бул. Октомвриска револуција до ул. Братство единство, како и изградба на 2 нови катни гаражи.

Loading...

Бидете на страната на граѓаните, на 17-ти октомври излезете и гласајте, за мое, за твое, за наше Куманово.

Сите проекти од програмата на нашата граѓанска иницијатива може да ја погледнете на следниот линк: www.maksimdimitrievski.mk.

Интегрално соопштение: „За наше Куманово“