„За Наше Куманово“: Упатуваме благодарност до сите граѓани за големата посетеност на вчерашната Конвенција, концептот на слободната мисла победува на 17 октомври!

Сподели со своите пријатели

Граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, упатува огромна благодарност до сите граѓани на Куманово за големата посетеност на вчерашната изборна Конвенција.

Loading...

Граѓаните вчера ја испратија пораката дека во Куманово победуваат токму они – граѓаните, затоа што концептот „За Наше Куманово“ е поддржан од сите кумановци, без разлика на нивната етничка или политичка припадност!

„За Наше Куманово“ е концепт на слободната мисла, без притисоци, одлуки по сопствено убедување! Концепт на слободни граѓани!