За еден час полицијата напиша 80 казни во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Осумдесет казни напиша полицијата денеска во засилената акциска контрола низ сообраќајниците во Куманово.

Loading...

 

 

Како што информираше портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски, се преземаат сите неопходни мерки за да се стави ред на улиците.

 

 

Loading...

– Од досегашните контроли кои што се направени во рок од еден час, можам да соопштам дека досега имаме изречено 80 санкции меѓу кои за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, прекорачена брзина на движење и други прекршоци. Исто така ги санкционираме и возачите на мотори кои што прават прекршоци додека се движат во сообраќајот, изјави Ангеловски.

 

 

Ангеловски упати апел граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите, не за да ги избегнат казните, туку за да обезбедат безбедност на улиците како во Куманово, така и во другите градови.

 

 

Loading...

Акциската контрола на Министерството за внатрешни работи ќе продолжи и во текот на денот, но и во следните денови.

 

 

текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply