За денес жолто предупредување за силен ветер, дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде за неколку степени посвежо за разлика од изминатите денови, благодарение на засилен западен ветер. Опаѓањето на дневната температура посебно ќе се забележи во северните делови од државата.

Loading...

Што се однесува до Куманово, Националната хидрометеоролошка станица има издадено жолто предупредување за силен ветер, а во текот на денот не очекуваат и услови за нестабилност, односно можеме да очекуваме локализиран дожд со грмотевици и ветер со северозападен правец со брзина од 30 километри на час. Минималната дневна температура ќе изнесува 12, а максималната ќе се искачи до 30 степени целзиусови.

Од утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Дневната температура ќе биде пониска за 8 до 12 степени во однос на денешната.

Врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на работната недела, поточно во четврток кога имаме издадено предупредување за обилни врнежи и грмотевици, но и драстичен пад на температурата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.