За билансот на заболени ќе се информира само еднаш дневно

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека од денеска за новодијагностицираните пациенти ќе се информира еднаш во денот, а бројката ќе се однесува на дијагностицираните случаи до 12 часот во изминатите 24 часа.

Loading...

Билансот ќе се темели на евиденцијата на лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика во Институтот за јавно здравје, кој ја дигитализираше базата во изминатите денови, а кои освен дијагностицираните пациенти во таа лабораторија ќе ги добива информациите и од болницата „Жан Митрев“. Ќе се има целосна евиденција од сите места каде што се врши дијагностика на коронавирусот во нашата земја.

„Со оглед на тоа што обемот на информациите коишто ги водат епидемиолозите растат, невозможно е секогаш да се одговори за контактите коишто ги имале со другите лица, понатаму за бројот на луѓето коишто се тестираат и кои што се во врска со новозаболените. Но, ние продолжуваме да информираме, исто како и досега, транспарентно, навремено – така како што тоа го правиме од самиот почеток. Да одржуваме минимум една прес-конференција во текот на денот во којашто ќе информираме за сите активности коишто ги преземаме за справување со вирусот и секако редовно ќе ги укажуваме нашите апели за почитување на веќе воведените мерки“, истакна министерот Филипче.

Leave a Reply