WSJ: Војната доведе до промена на режимот во Иран, но на полошо

Сподели со своите пријатели

Војната меѓу САД и Израел против Иран, која започна на 28 февруари, доведе до промена на режимот во Иран, но „на полошо“, пишува Волстрит журнал во извештај објавен денес.

Во извештајот се наведува дека постерот во Техеран со ликот на новоизбраниот врховен лидер Моџтаба Хамнеи претставува „најлош кошмар“ за противниците на сегашната влада.

Тоа ќе биде „милитаризиран Иран управуван од помлад, тврдокорен лидер, во кој Револуционерната гарда игра уште подоминантна улога“.

САД и Израел ја започнаа војната верувајќи дека отстранувањето на високи ирански функционери, почнувајќи од таткото на Моџтаб, Али Хамнеи, би можело да го отвори патот за промена на режимот или барем да донесе лидери кои се поусогласени со нивните интереси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ако има нови преговори меѓу САД и Иран, ќе ги води Џ.Д. Венс

Но, наместо тоа, вакуумот во моќта што произлегува од тоа го пополнуваат „радикални нови лидери“ кои генерално не се подготвени за политички компромис, ниту на домашен ниту на меѓународен план, се наведува во извештајот.

„Реалноста е полоша отколку пред војната“

„Војната го промени режимот, и тоа не на добар начин“, рече Дени Цитринович, поранешен раководител на иранскиот оддел на израелската воена разузнавачка служба.

„Создадовме реалност што е полоша од онаа со која се соочија Иранците пред војната“.

Иранските тврдокорни струи сега доминираат во политичката и воената елита на земјата, поттикнати од војна за која многумина од нив веруваат дека го најавува враќањето на „шиитскиот муслимански месија“, се вели во извештајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: На Папата треба да му се каже дека Иран уби 42.000 невини демонстранти