Моторџија од Куманово тешко повреден, излетал од пат за да избегне директен судир

Сподели со своите пријатели

Педесет и седумгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако излетал од локален пат обидувајќи се да избегне директен судир со товарно возило.

На 29.05.2026 околу 17:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека во село Горно Којнаре, кумановско на крстосница од локален пат што води кон место викано „Бело-Брдо“ и локален пат што води кон место викано „Млинари“, се случила сообраќајна несреќа во која И.Ѓ.(57) од селото Горно Којнаре управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки за да не се судри директно со товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Т.(61) од Куманово свртил нагло по што изгубил контрола и заедно со мопедот паднал надвор од коловозот, информираат од Секторот за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во Матејче, две лица завршија во болница

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

Никола Ивановски