WJ: Направен е план да се заобиколи ветото на Унгарија во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Европската унија развива нов план за воена помош за Украина во вредност од повеќе од 20 милијарди евра во следните четири години, во рамките на кој се планира да се создаде фонд што ќе го заобиколи ветото на Унгарија, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на документи со нацрт-законот до кои имал пристап.

Loading...

„Со оглед на зависноста на Украина од надворешната поддршка, изборот што земјите од ЕУ и нејзините партнери ќе го направат во наредниот период или ќе ѝ овозможи на Украина да постигне одлучувачки напредок или сериозно ќе ја поткопа способноста на Украина да се спротивстави“, се вели во документот, цитиран од весникот.

Новиот предлог подразбира создавање на фонд кој ќе добие 6,5 милијарди евра од Европскиот фонд за мир, основан во 2022 година, а од 2024 до 2027 година ќе се исплаќаат пет милијарди евра годишно.

Новиот фонд ќе ги надомести на земјите од ЕУ трошоците за воена помош на властите во Киев, вклучително и набавка на муниција, беспилотни летала и опрема за противвоздушна одбрана.

Остатокот од фондот ќе ги покрие трошоците за борбена програма за обука на украинските војници.

Иницијативата предвидува компензација до 7,5 милијарди евра за земјите од ЕУ оваа година, како обештетување на оние земји кои ќе му пружат воена помош на Киев во следните четири години.

Дискусијата за новиот план за помош на Украина, посочува весникот, ќе започне во наредните денови и најверојатно ќе стане една од темите на разговор на самитот на ЕУ на 1 февруари.

Сепак, посочува весникот, ќе бидат потребни неколку недели за да се донесе одлука за новиот план.

Loading...

Главната пречка за спроведување на планот, забележува весникот, ќе биде потребата тој да биде едногласно одобрен од сите земји од ЕУ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.