Winamp се враќа, но во различен формат

Сподели со своите пријатели

Првата верзија на Winamp беше објавена во 1997 година и брзо стана популарна како еден од најдобрите „медиа плеери“ за компјутери.

Loading...

Популарниот музички плеер Winamp, кој беше во широка употреба на преминот од двата века, повторно е во фаза на активен развој, но можеби нема да стигне во форматот каков што го паметиме, пренесува Б92.

Првата верзија на Winamp беше објавена во 1997 година и многу брзо стана популарна како еден од најдобрите медиа плеери за компјутери. Сепак, лошите ажурирања го „симнаа“ од тронот неколку години подоцна. Сите последователни обиди за заживување беа неуспешни.

Winamp сега е во фаза на активен развој, но се претпоставува дека оригиналната апликација ќе претрпи многу промени.

Оригиналниот Winamp беше во развој од 1997 до 2013 година, потсетува B92, а последната, недовршена верзија се појави пред три години.

 

 

Loading...

Најавено иновативно освежување

После тоа беа ветени повеќе ажурирања, но тие никогаш не се случија. Сега страницата Winamp е редизајнирана и ветува „иновативно освежување на најпознатиот аудио плеер во светот“.

AudioValley, компанија во сопственост на Winamp, истакнува дека новиот плеер ќе „стане платформа која ги обединува аудио ентузијастите, ги поврзува креаторите и потрошувачите на музика, подкасти, радио станици, аудио книги и која било друга содржина“.

Врз основа на таков опис, заклучува B92, новиот Winamp повеќе делува како нова платформа за стриминг аудио содржина, како што се Spotify или Pandora.