WhatsApp си даде автогол: Конкуренцијата процуте поради новите правила

Сподели со своите пријатели

Многу корисници на WhatsApp одлучија да ги избришат своите профили, најмногу „благодарение“ на новите правила за податоци донесени од Facebook.

Loading...

Да потсетиме, WhatsApp ги информираше корисниците пред неколку дена за тоа дека наскоро ќе има промена во политиката за приватност.

Во принцип, луѓето што го користат ќе мора да дадат согласност за споделување на податоци со Фејсбук. Да биде работата уште полоша, ќе бидат избришани профилите на корисниците кои не се согласуваат со ова, а потоа „согласноста“ нема многу смисла.

 

 

Новата надградба ќе биде објавена на 8 февруари, а со цел податоците да бидат споделени со Фејсбук, не е потребно да имате профил на оваа социјална мрежа, пренесува tPortal.

Според Sensor Tower, давајќи податоци што би го поддржале ова тврдење, многумина решиле да го избришат својот профил на WhatsApp и да се префрлат на конкурентни апликации.

Loading...

Имено, откако беа објавени промените во политиката за приватност, Телеграм го презеле скоро 1,7 милиони луѓе, а Сигнал 1,2 милиони луѓе.

 

 

Во исто време, WhatsApp, кој дотогаш владееше со светот на апликациите за допишување, имаше „само“ 1,3 милиони преземања.

Ако тоа го преведеме во проценти, тоа е пад од приближно 13% во првите седум дена од јануари, во споредба со претходната недела.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *